Република Општина Битола

Коњановски на работилницата за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење

Коњановски на работилницата за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска имаше поздравно обраќање на работилницата за зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво.

Настанот го организира Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) и Центарот за семејна медицина, како продолжение на посетите реализирани во месец декември 2025 година.

Работилниците се организираат во контекст на новиот Предлог-закон за заштита од пушење и програмите за јавно здравје, со цел подобрување на координацијата и активностите на локално ниво.

Целта на работилницата е да се поттикне дијалог и координација меѓу локалните институции и да се подготви Акциски план на ниво на Општина Битола за 2026 година за зајакнување на активностите за контрола на тутунот, со посебен фокус на унапредување на работата и видливост на советувалиштата за одвикнување од пушење и подобро информирање на населението за достапните услуги.

Градоначалникот ја истакна значајната улога на општината во поддршката на активностите за унапредување на здравјето на населението.

„Како градоначалник на Битола, но и како доктор епидемиолог ја искажав подготвеноста и лична и на локалната самоуправа за уште поголем акцент во кампањите против овој порок. Општина Битола има успешна соработка и со канцеларијата на СЗО во Македонија, министерството и со Центарот за јавно здравје Битола, во кој неколку години функционира советувалиштето за одвикнување од пушењето“. рече Коњановски.

To top