Свет Лабораторија за правда и психологија на криминалот

Алармантен извештај: Насилството во Турција порасна за 75 отсто во последната година

Извештајот открива дека дури 95,5 отсто од сторителите се мажи, што според истражувачите е резултат на длабоко вкоренети традиционални полови улоги каде машкоста се поистоветува со контрола и агресија.

Алармантен извештај: Насилството во Турција порасна за 75 отсто во последната година

Инцидентите поврзани со насилство во Турција сè почесто се случуваат на јавни места, а нивниот број во 2025 година се зголемил за 75 отсто на годишно ниво, покажува извештајот на Лабораторијата за правда и психологија на криминалот (ASLAB) при истанбулскиот Универзитет за културологија.

Според податоците од извештајот, документирани се вкупно 2.289 инциденти, при што повредите сочинуваат 61,5 отсто од случаите. Документиран е јасен премин од насилство меѓу познаници кон инциденти меѓу непознати лица на јавни места, каде случаите со непознати сторители скокнале од 13,2 отсто во 2024 година на 38,8 отсто во 2025 година. Доцент Ајхан Ербај, директор на лабораторијата, за весникот „Џумхуриет“ изјави дека овие податоци укажуваат на слабеење на социјалната доверба и дека луѓето сè повеќе се доживуваат меѓусебно како закана.

Извештајот открива дека дури 95,5 отсто од сторителите се мажи, што според истражувачите е резултат на длабоко вкоренети традиционални полови улоги каде машкоста се поистоветува со контрола и агресија.

Истражувачите повикуваат на итни мерки, како создавање специјални безбедносни зони во критичните населби, подобро осветлување на улиците, ограничување на пристапот до огнено оружје и формирање рехабилитациони центри. Овој извештај доаѓа само неколку дена откако министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи најави дека 2026 година ќе биде посветена на борбата против уличните банди.  (МИА)

Теми на денот

To top