Македонија НОВА, МИЗЕРНА ЕПИЗОДА ОД „ЛЕТЕЧКИОТ ЦИРКУС НА МОНТИ ФИЛИПЧЕ“

НЕ, НЕ Е ШЕГА: Фани Сорос ИФРИТ ЛУТА чуму власта не ги „консолидира“ Македонците за да ги внесат Бугарите во Устав?!

Истата, безрбетна СДС матрица која веќе 35-та година ја уназадува унисоноста и едногласието на Македонија и Македонците, мантра на нивниот одроден гуру и вистински лидер Заев, самонегаторска утопија во која сите се супер и во право, а Македонија и Македенците виновни за се’, идиотски наратив во кој со свиткана кичма демек се оди напред, безвезна глупоштија во која една те иста политикантска направија не дозволува прогрес и бара, вреска за помош од странскиот фактор. Вапај, кој е децениски непроменет, крајно едноставен и гласи: АМАН, вратете не’ на власт, се’ ќе сториме, се’ ќе прифатиме, потпишеме и ќе урнисаме, само вратете не на власт. АМАН!!! 

НЕ, НЕ Е ШЕГА: Фани Сорос ИФРИТ ЛУТА чуму власта не ги „консолидира“ Македонците за да ги внесат Бугарите во Устав?!

Потпретседателката на СДС, Фани Сорос Каранфилова Панова, која кога првпат стана десна рака на Филипче кажа дека познава „два-тројца во партијата“, а при „кам-бекот“ на пол-позицијата знаеше само еден (во меѓувреме другите двајца заминаа, еден во ЗНАМ, другиот во Левица), госпожа заменичка на Венко звани Заев Трети која доаѓа од редовите на ФИООМ на познатиот мизантроп Џорџ Сорос, сега не можела да спие од загриженост зошто владата не го косолидирала граѓанството?!

Арно ама, чујте зошто Фани запиња и чуму била потребна истата таа консолидација, верувале или не….

„Уште помалку прави нешто за да го консолидира граѓанството и политичките фактори за да може да се пристапи кон она што е очекување и барање од актуелната преговарачка рамка, а тоа се уставните измени“, рече изнасекираната „до коска “ Каранфилова Соросова, која призна дека грижата и непроспиените ноќи , всушност, биле затоа што Македонците се преосвестени за да прифатат глупост и небулоза како ајвански, неаргументиран внос на Бугари во македонската света книга. Затоа што не пиеле нафта. Башка што била скапа, туку целата „работа“ мирисала надалеку, баздела, само носот на врхушката на СДС не ја чувствувал реата…

На страна автошовинизмот на Фани Сорос, но ликот чија генеза е поврзана со организацијата која внесе најголем раздор меѓу македонските грѓани во историјата на државата, сега кука чуму власта не ги смирела граѓаните кои тие лично со децении ги двоеја и ги раскаруваа. И замислете, не за друго, туку за да со испрани мозочиња – пандан на нивните не се согласат пустите да се самоукинат како нација, да си ја избришат историјата, да им ги подарат револуционерите – горостаси, да стават точка.

Оваа помија доаѓа од кујната на изветвените, ултранегаторски фацулиња кои глумеа модерни, урбани космополити и притоа шмркаа, палеа, фарбаа и си ги полнеа празните џепчиња, удирајќи по Македонија, по „немиените“, суртуци кои патриотизмот го сметат за најголем хендикеп „за одење напред“, а всушност, одеа во рикверц влечени од сидрото Стево и подмачкани од Заевата анационална, инфантилно црпната екипа. Копуци кои мисле дека се најубави, најумни и најспособни – оти Заев, Рада и Милчин така им каажале, ајвани задоени со Данинг-Кругеров ефект, оикофоби преполни со дегутантен презир кон се што е македонско, величајќи се’ што е од страна и немакедонско.

И сега?

Е, сега Фани Сорос лаже-суши дека актуелната влада ги закрвила односите со Бугарија и Грција, а всушност таа само се справува со дилетантските подметачини и кукавичји јајца кои ги оставија Тачевци и Заевци, дел со ступидни Француски договори, дел со преспански собитија и какви не резултати на парафите произлезени од индолентните суртуци кои ќе направеа и потпишеа се’ што треба и не треба, само и само за да останат на власт. И да крадат како да не виделе, како улави.

Чин за кој „сметката“ доаѓа набргу, во следниот период…

„Веќе две години оваа власт која што дојде со ветувања дека ќе обезбеди подобра преговарачка позиција, ќе обезбеди гаранции, ќе ги преименува или ќе ги раскине договорите со соседите, не прави апсолутно ништо друго, освен што ги влошува намерно добрососедските односи и со Грција и со Бугарија, “ истресе оикофобната Фани Сорос.

Истата, безрбетна и кодошка СДС матрица која веќе 35-та година ја уназадува унисоноста и едногласието на Македонија и Македонците, мантра на нивниот одроден гуру и вистински лидер Заев, самонегаторска утопија во која сите се супер и во право, а Македонија и Македенците виновни за се’, идиотски наратив во кој со свиткана кичма демек се оди напред, безвезна глупоштија во која една те иста политикантска направија не дозволува прогрес и бара, вреска за помош од странскиот фактор. Вапај, кој е децениски непроменет, крајно едноставен и гласи: АМАН, вратете не’ на власт, се’ ќе сториме, се’ ќе прифатиме, потпишеме и ќе урнисаме, само вратете не на власт. АМАН!!!

СДС таксират….

Сега, очајот бил на ниво на крешчендо, слободата на многумина од СДС врхушката била во праашање, новиот државен јавен обвинител веќе ги отворал фиоките и ја тресел прашината од предметите на висока корупција кои Јовески и Коцевски успешно ги криеја од светлината на денот. И од ПРАВДАТА…

Не им било лесно на ќелепурите (турцизам кој значи наттурен човек, насила поставен на несоодветно место/позиција).

Ако, по се шо сторија и треба да е така…

Најнови вести од Македонија

To top