Фудбал

Мохамед Салах дефинитивно заминува од Ливерпул!

Мохамед Салах дефинитивно заминува од Ливерпул!

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул ставајќи крај на една од најуспешните епизоди во поновата историја на клубот.

Египетскиот напаѓач преку емотивна видео-порака на социјалните мрежи потврди дека актуелната сезона ќе биде негова последна на „Енфилд“.

Во обраќањето, Салах нагласи дека Ливерпул за него не е само клуб, туку место кое засекогаш ќе остане дел од неговиот живот.

До крајот на сезоната, Салах ќе има можност да се бори за нови трофеи со клубот, вклучувајќи ги настапите во ФА купот и европските натпреварувања.

Заминувањето на Салах сигурно ќе отвори ново поглавје за Ливерпул, но неговото наследство ќе остане трајно врежано меѓу најголемите имиња што го носеле дресот на клубот.

To top