Скопје општина Бутел

Костовски: Потпишан е нов договор за изградба на нова поликлиника

Новата поликлиника ќе биде изградена на местото на старата амбуланта и ќе обезбеди полесен и побрз пристап до здравствени услуги за сите граѓани.

Костовски: Потпишан е нов договор за изградба на нова поликлиника

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника. Овој договор е предизборно ветување на градоначалникот Костовски.

Изградбата на новата поликлиника претставува историски чекор за општина Бутел. Градоначалникот изрази огромна благодарност на премиерот Христијан Мицкоски, за посветеноста и поддршката на Владата за реализација на капиталниот проект кој граѓаните го очекуваат со децении, овјави Костовски.

Новата поликлиника ќе биде изградена на местото на старата амбуланта и ќе обезбеди полесен и побрз пристап до здравствени услуги за сите граѓани.

Во новиот објект ќе биде достапен пункт за итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека.

To top