Утрово, во Брисел, остварив средба со претставниците на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија (КОЕЛА), објави министерот за надворешни работи и надворешна трфовија, Тимчо Муцунски.
-Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон европскиот пат, со фокус на испорачување конкретни реформски резултати за подобрување на животот на граѓаните и натамошно усогласување со стандардите на ЕУ. Го нагласив напредокот во реформската агенда, постојната координација и активниот пристап на сите институции во оваа насока, истакна Муцунски.
Министерот Муцунски додаде дека направил пресек на тековните активности што Владата ги презема за забрзување на интегративниот процес, нагласувајќи ја неопходноста од јасен, предвидлив и на заслуги заснован пристапен процес, како заеднички интерес и за земјите кандидати и за земјите членки.
🇲🇰 🇪🇺 Евроинтеграциите остануваат во фокусот – исполнет ден со динамична агенда во Брисел.
Утрово, во Брисел, остварив…
Posted by Timco Mucunski on Monday, March 23, 2026