Македонија владини мерки

Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Мицкоски: Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%

Премиерот Христијан Мицкоски одржа прес коференција по одржаната вонредната Владина седница кој беше закажана напладне.

– Се соочуваме со предизвик што навистина е голем. Не сме ние исклучок од кризата што се случува која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток, изјави Мицкоски.

Како што истакна Мицкоски дека врз основа на движењата на светските берзи, се очекува бензините од 95 и 98 октани да поскапат за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би можел да достигне зголемување од 10,5 денари по литар.

„Очекуваме цената на бензините од 86,5 и 88,5 денари да се зголеми на 93 и 95 денари, а дизелот од 92 на 102,5 денари по литар“, посочи Мицкоски.

Како одговор на ова, Владата донела одлука за намалување на данокот на додадена вредност за бензините и дизелот од 18 на 10 проценти, со цел да се ублажи ударот врз граѓаните.

„Со оваа мерка очекуваме цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари“, истакна премиерот.

Дополнително, Владата води разговори со компанијата ОКТА за зголемување на попустот кој го дава кон трговците, што би можело да влијае на дополнително намалување на цените.

„Доколку се постигне договор, очекуваме цените да бидат и до 3 денари пониски од максималните утврдени од Регулаторната комисија“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека со овие мерки граѓаните би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно, имајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво во земјата.

„Ова е одлука со која директно го штитиме стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза“, додаде премиерот.

Според него, Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

Posted by Kurir on Sunday, March 22, 2026

Најнови вести од Македонија

To top