Фудбал

ФИФА му го зголеми бонусот на Инфантино, вкупната заработка достигна шест милиони долари

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, лани добил зголемување на годишниот бонус од 33 проценти, како дел од вкупен пакет вреден околу шест милиони долари, објави ФИФА.

Годишната основна плата на Инфантино остана непроменета на 2,6 милиони швајцарски франци (околу 3,3 милиони долари), додека бонусот се зголемил за 550.000 франци на вкупно 2,2 милиони франци (околу 2,78 милиони долари) во 2025 година.

Во претходните две години, неговиот годишен бонус изнесуваше 1,65 милиони франци.

Не е прецизирано дали првиот човек на ФИФА има право на дополнителни исплати, вклучувајќи ги трошоците за одржување на имотите во неговата родна Швајцарија и во Флорида, каде ФИФА има база во Корал Гејблс за организација на Светското првенство кое ова лето заедно ќе го организираат САД, Мексико и Канада.

Новиот формат на Светското клупско првенство, со силна финансиска поддршка од Саудиска Арабија, ѝ донесе на ФИФА приход од околу две милијарди долари, па се очекува вкупните приходи во четиригодишниот циклус до Светското првенство 2026 да достигнат најмалку 13 милијарди долари.

To top