Фудбал

Светскиот шампион Аргентина нема против кого да игра

Светскиот шампион Аргентина нема против кого да игра

Откако долгоочекуваната „Финалисима“ меѓу Аргентина и Шпанија во Доха се откажа поради ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, светскиот шампион нема противник за мартовската репрезентативна пауза.

На другата страна, Шпанија експресно се снајде, закажа натпревари против Србија на 27 март и против Египет четири дена подоцна.

За разлика од Шпанците, „Гаучосите“ го извлекоа подебелиот крај. Бидејќи речиси сите светски репрезентации веќе одамна имаа закажано натпревари, светскиот шампион не може да најде ривал.

Како единствена опција се појави Гватемала, со план натпреварот да се одигра на култната „Бомбоњера“ во Буенос Аирес.

Но, тука настана административен хаос. Гватемала веќе имаше закажано пријателски натпревар против Алжир на 27 март во Џенова, Италија.

А, според строгите правила на ФИФА, една репрезентација не смее да игра пријателски натпревари на два различни континенти во истиот „прозорец“ (во случајов Европа и Јужна Америка.

To top