Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.
🕌 Достоен празник за нашите сограѓани од исламска вероисповед
🫡 Денес, во духот на големиот празник Рамазан Бајрам,…
Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Thursday, March 19, 2026
Со оваа хуманитарна акција се испрати порака за солидарност, заедништво и меѓусебна почит, како темелни вредности во општеството. Беше нагласено значењето на хуманоста и подадената рака во време кога поддршката е најпотребна.
По тој повод, беше упатена честитка до сите верници од исламска вероисповед, со желби за здравје, мир и благосостојба, како и апел за негување на соживотот и единството во Скопје.