Скопје

Општина Бутел продолжува со активности за реконструкција и асфалтирање на улици

Општина Бутел продолжува со активности за реконструкција и асфалтирање на улици

Општина Бутел презема активности за асфалтирање на 4 улици, во населеното место Бел Камен. Покрај тоа, локалната самоуправа во соработка со Град Скопје постави нова водоводна мрежа, во должина од 610 метри. Општина Бутел продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места и вложува во проекти за квалитетно водоснабдување и непречен проток на чиста вода за граѓаните. Градоначалникот Дарко Костовски останува посветен на создавање услови за рамномерен развој на сите населени места во општината.

To top