Уставниот суд на Тајланд денеска прифати да ја разгледува иницијативата со која се оспорува законитоста на гласачките ливчиња со бар или кјуар-кодови користени на минатомесечните избори во земјата.
Државната изборна комисија пак доби рок од 15 дена да одговори и објасни дали користењето на таквите кодирани гласачки ливчиња ги крши изборните закони, се наведува во соопштението од Судот.
Независно спорот односно во отсуство на друга одлука на Уставниот суд, новиот состав на Парламентот продолжува со редовните активности и утре ќе ја одржи седницата на која ќе се гласа за избор на нов премиер, како што беше и претходно планирано.
Подносителите на иницијативата за проверка на тајноста на гласачкото ливче укажуваат на можноста преку бар-кодот и со употреба на други системи да поврзи гласачот со други документи, што би ја нарушило тајноста на гласот како основен принцип на демократските избори.
Комисијата, пак, посочува дека бар кодот е вклучен поради безбедносни причини, а за целосно следење на гласачот би бил потребен пристап до делови од ливчињата за кои од Комисијата се нагласува дека се под посебна заштита.
Партијата Бхумџаитаи на премиерот Анутин Чарнвирекул, оствари убедлива победа на февруарските избори, со освоени 290 од 499 места во Парламентот.