Познати

ВИДЕО: Љубовницата од концертот на Coldplay за првпат проговори за снимката која го обиколи светот

ВИДЕО: Љубовницата од концертот на Coldplay за првпат проговори за снимката која го обиколи светот

Кристин Кабот, популарно позната како „љубовницата од концертот на Coldplay“, за првпат проговори со медиумите за инцидентот што ја одбележа нејзината кариера, но и нејзиниот живот.

Минатата 2025 година беше обележана со љубовен скандал на концертот на „Coldplay“. Имено, Енди Бајрон, тогашен извршен директор на американската компанија за вештачка интелигенција „Astronomer“, поднесе оставка откако беше снимен како ја прегрнува својата колешка, менаџерката за човечки ресурси Кристин Кабот.

Нивната интимност беше забележана од камерата на компанијата „Kiss“ и брзо стана вирална. Од тој момент, Енди и Кристин беа главна тема на мрежите и премалку е да се каже дека луѓето ширум светот удрија на нив.

Сега Кристин проговори со медиумите за првпат, односно беше гостинка во подкастот на Опра Винфри, „The Oprah Podcast“, каде што зборуваше за скандалот. На самиот почеток се сети како таа и нејзиниот поранешен сопруг Ендру за малку ќе се сретнеле кога била со Бајрон. Според неа, објавува „TMZ“, нејзината ќерка ѝ испратила порака дека таа и Ендру биле на истиот настан.

„И си помислив: „Дали ќе биде непријатно ако ме види со Енди [Бајрон]? Мислам… ако налетам на него“. Но, потоа си реков: „Има 55.000 луѓе на стадионот, веројатно нема да налетам на него“, објавува „TMZ“.

Сепак, како што вели таа, сега се кае што не налетала на него, бидејќи сега тоа немало да биде глобална тема и нема да биде предмет на исмејување на мрежите. Кабот, исто така, додаде дека нејзиниот поранешен сопруг не бил вознемирен што таа била со Енди на концертот.

„Тој знае колку тесно работевме со Енди, знае дека се дружевме, одевме на ручеци и пијалоци. Тоа не беше проблем“, вели тој и додава:

„Тој ја разбира природата на мојата работа и односите што ги градам. Делев биро со директорите со кои работев, тоа е едноставно многу блиска врска. И затоа не беше важно.“

 

Најнови вести од Познати

To top