Најмалку две лица загинаа во ирански ракетен напад врз Израел, соопштија рано изутринава локални медиуми.
Жртвите биле тешко повредени во нападот врз градот Рамат Ган во близина на Тел Авив, а подоцна им повредите, пренесуваат весниците „Хаарец“ и „Тајмс оф Израел“ информации од Службата за итна помош „Маген Давид Адом“.
Уште две лица се здобиле со полесни повреди во нападите врз населбите Бнеи Брак и Петах Тиква, источно од Тел Авив.
Израелската армија соопшти дека се регистрирани напади врз повеќе локации во централниот дел на земјата и ги повика граѓаните да се држат подалеку од погодените подрачја.
Фотографии покажуваат и оштетувања на железничката станица Савидор во Тел Авив.