Откако СДСМ со сиот ум на торжествен ден на жалост во која Макеоднија се сеќаваше на 63-те ангели од Кочани синоќа соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да почне постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешниот скопски градоначалник и пратеник од СДСМ за ова слушна во емисија во живо.
Шилегов рече дека од почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани вечерва нема да дава политички изјави.
„Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, рече Шилегов.
