Како наближува историскиот за нас дуел против Данска, во рамките од бараж мечевите за Мундијалот следното лето, нашиот табор полека но сигурно се мобилизира.
Што се однесува до самата организација на мечот со Данска од Фудбалската Федерација на Македонија ја споделија следната информација.
„Информација за билетите за натпреварот против Данска
Испораката / испраќањето на билетите за натпреварот против Данска започнува денес.
Сите што купиле билет ќе го добијат на својата e-mail адреса најдоцна до среда.
Ви благодариме за поддршката и се гледаме на стадион“се вели во објавата на ФФМ.