Македонија Заев трети им се одмаздува на неистомислениците

Македонија тагува и се сеќава, Филипче ги исклучува Шилегов и Деспотовски

Граѓаните се фрапирани на социјалните мрежи, како може на ваков ден, откако и самиот беше во Кочани и ја почуствува атмосферата на разбирање, емпатија, тага, човекољубие и поддршка, Венко во стилот на Доктор Џекил и Мистер Хајд да се врати во Скопје и по лична иницијатива да свика итна седница за разрешување на Шилегов и Деспотовски?

Македонија тагува и се сеќава, Филипче ги исклучува Шилегов и Деспотовски

Во исто време кога цела Македонија е посветена на споменот на  трагично загинатите 63 ангели во кочански Пулс, Венко Филипче симултано најде време да ги исклучува од партија „непослушните“ дисиденти Петре Шилегов и Јован Деспотовски.

Граѓаните се фрапирани на социјалните мрежи, како може на ваков ден, откако и самиот беше во Кочани и ја почуствува атмосферата на разбирање, емпатија, тага, човекољубие и поддршка, Венко во стилот на Доктор Џекил и Мистер Хајд да се врати во Скопје и по лична иницијатива да свика итна седница за разрешување на Шилегов и Деспотовски?

Не можеше ли да почека до утре за да ги  исклучи сопартијците, кои меѓу другото имаат десет пати поголем стаж во СДС од него, од бившиот советник на Тодоров во владата на Груевски.

Сопартијци кои застанаа против неговото и Заево самоволие во СДС и имаа храброст да укажат на инфантилното дејствување на раководството предводено од Филипче?

Денешниот потег во време на ваков траор и болка наликува на времето на Информбирото, кога партијата е пред се, а пресметката со неистомислениците брутална. Да имаше Голи Оток, веројатно сега таму ќе беа Петре и Јован. И многумина други. Не бадијала се корените на СДС во УДБА и ОЗНА.

Со сиот ум, ИО на СДС составен од Шмрчко, Фани, Аха Чупеска, Жерновски и другите сите анонимци, крајно ПАРАНОИЧНО срочи:

Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“ (каква ступидна инсинуација на која им се смее цела Македонија, добиена по многу користење на иљачот на Јон). Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре.Сега на сите им е јасно дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“. “ пишаа ултра-параноичните СДС, чие раководство (читај Црпко и Вени) не можело да спие поради можноста наскоро да „свири клавир“ поради кримналите кои ќе ги отвори новиот јавен обвинител Савевски.

Истото му го стокмија и на Деспотовски, само смениле имиња. да не се мачат, да имаат време за нова, не страница, туку линија. Не, не автобуска…

На социјалните мрежи Филипче има два прекара.

Првиот е Заев Трети. Втори е Ковачевски Таче.

Вториот прекар е Волшебникот Венко Тарара – пет минути добар, пет минути лош…

Ќе има ли сили некој во СДС да му каже НЕ на октроираниот диктатор Филипче, а со тоа и на киднапирачот на истата таа партија, Заев?

Вака ли крајот мириса?

 

Најнови вести од Македонија

To top