Скопје подобрување на локалната патна инфраструктура

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „111“ во м.в Јака – Марино

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во развојот на инфраструктурата во сите населени места, со цел обезбедување поквалитетни, побезбедни и современи услови за живот за сите граѓани.

Општина Илинден започна со реконструкција на улица „111“ во м.в Јака – Марино

Општина Илинден продолжува со реализација на проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура, при што деновиве започна реконструкцијата на улицата „111“ во месноста Јака, во населеното место Марино.

Улицата е во вкупна должина од 550 метри и широчина на коловозот од 6 метри и изградба на тротоари со широчина од по 1,5 метри, со што значително ќе се подобри безбедноста и функционалноста на сообраќајот за сите учесници.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните работи и истакна дека со реализација на оваа улица, ќе бидат комплетно завршени главните пристапни патишта во м.в Јака, што претставува исполнување на нашите заложби за уредување и модернизација на локалната патна инфраструктура во м.в Јака.

To top