Македонија Нема развој, нема инвестиции

„Никогаш не било полошо во економијата“: Растот на БДП по глава на жител за 6 години е двојно понизок од земјите во регионот

Во партиското соопштение се поставува прашањето: „Каде завршија милијарди народни пари“?

„Никогаш не било полошо во економијата“: Растот на БДП по глава на жител за 6 години е двојно понизок од земјите во регионот

Никогаш не било полошо во економијата – растот на БДП по глава на жител за 6 години двојно понизок од земјите во регионот. Од 2017 до 2023 година БДП по глава на жител во Македонија пораснал за само 20%, додека во БИХ пораснал за 42%, а во Србија, Албанија и Црна Гора за над 50%, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија со СДС за 6 години заостана зад сите земји во регионот, нема развој, нема инвестиции, има само нови долгови. Од 2017 до денес јавниот долг е зголемен за над 70%, а притоа има нула реализација на капитални проекти, и 600.000 луѓе живеат на раб на сиромаштија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се поставува прашањето: „Каде завршија милијарди народни пари“?

-Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

To top