Руските системи за противвоздушна одбрана во последните два дена соборија 250 беспилотни летала што се приближуваа кон Москва, објави утринава градоначалникот Сергеј Собјанин.
-Силите за воздушна одбрана уништија околу 250 непријателски беспилотни летала директно на приодот… и на друга линија во правец на Москва, напиша тој на платформата MAX.
Аеродромот Внуково воведе ограничувања за пристигнувања и заминувања на авиони, а аеродромите Домодедово, Жуковски и Шереметјево прифаќаат и испраќаат летови со одобрение од надлежните органи, пренесуваат руските медиуми.
Како одговор на нападите на украинските вооружени сили врз цивилната инфраструктура, руските трупи напаѓаат исклучиво воени објекти и претпријатија од украинскиот воено-индустриски комплекс со прецизно водено оружје од воздух, море и копно, како и беспилотни летала, наведуваат руските медиуми.