Македонија

ВИДЕО: Пробиен патот до Галичник – Снегот расчистен, но се очекуваат нови врнежи

ВИДЕО: Пробиен патот до Галичник – Снегот расчистен, но се очекуваат нови врнежи

Месната заедница Галичник информира дека патот го Галичник е пробиен и моментално достапен за сообраќај.

-Сепак, апелираме до сите кои планираат да се упатат кон Галичник да возат внимателно и со зголемена претпазливост, бидејќи на одредени делови има поголеми количества снег, а поради временските услови можни се и повремени одрони.

Според моменталната временска прогноза, во текот на следната недела (среда) се очекуваат нови врнежи од снег, па доколку има промени во состојбата на патот, навремено ќе ве информираме, велат од МЗ Галичник.

Најнови вести од Македонија

To top