Свет напад

Хезболах извршува напади врз населени места во Израел

Хезболах соопшти дека денеска извршиле 12 напади со ракети и гранати врз цели на израелската армија и населени места во Западна Галилеја.

Хезболах извршува напади врз населени места во Израел

Хезболах соопшти дека денеска извршиле 12 напади со ракети и гранати врз цели на израелската армија и населени места во Западна Галилеја.

Цел на нападите на Хезболах биле и еврејските населби Горин-Ајалон и Зарит. Како и градовите Кирјат-Шмона и Метула во Горнба галилеја, што се лоцирани во радиус од пет километри од границата.

Хезболах тврди и дека ја нападнал базата на израелските воздушни одбранбени сили во Ајн Шемере во близина на градот Хадера, 60 километри од границата, а исто така го нападнале артилерискиот полк во Ајн Зеитиме стациониран североисточно од Сафед, на 20 километри од границата.

Претходно, Иранската новинска агенција (ИРНА) објави дека Иран заедно со Хезболах денеска го извршуваат 48-иот бран напади врз Израел.

Американскиот портал Аксиос објави дека Израел планира да ја прошири копнената операција во Либан, со цел да го заземе подрачјето јужно од реката Литани и да ја уништи инфраструктурата на Хезболах. Тоа би била најголема израелска копнена инвазија врз северниот сосед од 2006 година, со што Либан би бил втурнат во епицентарот на тековната војна со Иран.

Од почетокот на војната против Иран, израелската армија на границата со Либан има распоредено три оклопни и пешадиски дивизии, а одредени копнени сили изминатите две недели извршуваа ограничени напади.

Претходно, либанското Министерство за здравство соопшти дека во синоќешниот израелски воздушен напад врз градот Бурџ Калавија, погоден е регионален здравствен центар, при што загинаа најмалку 12 медицински работници. Израелската армија синоќа нападна и други цели во јужен Либан, а на подрачјето на Ал Маџадел погоден е магацин за оружје.

To top