Свет

Иранската тајна служба го предупредува населението да не излегува на протести

Тајната служба на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го предупреди населението да не излегува на улиците, објавија вчера државните медиуми.

Државниот радиодифузер ИРИБ Њуз објави соопштение во кое им се заканува на потенцијалните демонстранти со уште построги мерки отколку за време на протестите кон крајот на декември и почетокот на јануари, во кои, според американските активисти за човекови права во Иран (ХРАНА), беа убиени повеќе од 7.000 луѓе.

Демонстрациите, првично предизвикани од тешка економска криза, беа најзначајните немири во земјата во последните години.

Тајната служба објави дека ќе ги гони „предавниците“ деноноќно. Според соопштението, „злобниот непријател“ поттикнува страв и улични немири бидејќи не можел да ги постигне своите цели на бојното поле.

To top