Скопје буџет

Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот

Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи 9-тата редовна седница, на која како главна точка на дневниот ред ќе се најде Предлог-изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, на предлог на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Со предложениот ребаланс се предвидуваат дополнителни средства за реализација на значајни инфраструктурни, образовни и сообраќајни проекти, насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзан развој на градот.

Во новиот ребаланс се предвидуваат и средства за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клинички центар „Мајка Тереза“, изградба на кружен тек кај Народна банка на Република Македонија, како и реализација на низа други капитални проекти што ќе придонесат за подобра сообраќајна инфраструктура и олеснување на секојдневието на скопјани.

Во рамки на зелените политики на Град Скопје, со ребалансот се предвидуваат и средства за поставување фотоволтаични системи и модернизација на системите за греење во дел од средните училишта, со што ќе се намалат емисиите на штетни честички, ќе се подобрат условите за настава и ќе се придонесе кон почиста и поздрава животна средина.

To top