Свет

Привремено затворена Амбасадата на Швајцарија во Иран

Швајцарија привремено ја затвори Амбасадата во Техеран поради „сè поголем безбедносен ризик“, соопштија синоќа швајцарските власти.

Привремено затворена Амбасадата на Швајцарија во Иран

Швајцарија привремено ја затвори Амбасадата во Техеран поради „сè поголем безбедносен ризик“, соопштија синоќа швајцарските власти.

Амбасадорот на Швајцарија и пет дипломати вчера заминале од Иран по копнен пат, а најавија враќање штом „дозволи ситуацијата“.

Владата на Швајцарија соопшти дека во консултации со заинтересираните земји „ќе продолжи да одржува отворена комуникациска линија помеѓу САД и Иран“.

– Швајцарија со децении ги застапуваше американските интереси во Иран. Американската администрација ја почитува одлуката на швајцарската влада и е длабоко благодарна на преданоста на Амбасадата и нејзиниот персонал. Нивната работа останува клучна за заштита на американските интереси и за поддршка на нашите граѓани, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Берн.

To top