Фудбал

Душан Влаховиќ веќе избра нов клуб!

Душан Влаховиќ веќе избра нов клуб!

Договорот на српскиот напаѓач со „стара дама“ истекува на крајот на јуни.

Сите преговори за продолжување на соработката пропаднаа, па затоа многу се зборува за тоа каде Влаховиќ би можел да ја продолжи кариерата.

Сепак, Јуве ќе се обиде уште еднаш да го задржи и затоа беше закажан состанок со агентите на српскиот напаѓач, а за тоа зборуваше и угледниот италијански новинар Фабрицио Романо.

„Јувентус има намера да одржи состанок со агентот на Душан во наредните недели. Тие сакаат да видат дали постои можност за продолжување на соработката“, рече Романо, додавајќи:

„Договорот воопшто нема да биде лесен со оглед на платата што ја има Влаховиќ. Мора да се решат сериозни финансиски тешкотии пред да се зборува за останување.“

„Моментално, Влаховиќ е фокусиран на закрепнување од повредата за да може да му помогне на тимот во последната фаза од сезоната.“

Се чини дека Влаховиќ е фокусиран и на друг клуб и навистина сака да оди во Барселона.

To top