Познати

ФОТО: Први фотографии од сообраќајката во која загина братот на Дарко Лазиќ, автомобил му го пресекол патот

ФОТО: Први фотографии од сообраќајката во која загина братот на Дарко Лазиќ, автомобил му го пресекол патот

Братот на српскиот фолкер Дарко Лазиќ, Драган загина денес на патот Ваљево-Шабац.

Неофицијално, несреќата се случила околу 17 часот.

Драган, со својот мотор удрил во автомобил кој му го пресекол патот, а во кој имало две лица.

Несреќата се случила кога возачот на автомобилот „Цитроен“, В.К. година 1964, возел од правец на Шабац и свртил лево на спореден пат.

Тој му го блокирал патот на возачот на мотоцикл „Сузуки“ со германски таблички, управуван од Драган Лазиќ (32), кој се движел од правец на Ваљево кон Шабац.

Во несреќата повреден е и сопатник од автомобило роден 1966 година кој бил пренесен во болницата во Шабац.

Брзата помош брзо пристигнала на местото на настанот, но Драган починал при транспортот до Здравствениот дом во Владимирци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

To top