Хроника

Трагедија во Тетово: Жена загина во пожар во куќа

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Трагедија во Тетово: Жена загина во пожар во куќа

Жена го загуби животот откако пожар утринава избил во семејната куќа на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово.

Од СВР Тетово информираат дека утрово во 08:56 часот бил пријавен пожар во куќа сопственост на Ш.Д.(70) од Тетово.

-Пожарот е изгаснат, по што во внатрешноста била пронајдена почината Ф.Д.(70) од Тетово, сопруга на сопственикот. Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Тетово, велат од тетовската полиција.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

To top