Свет врска

Кина и Северна Кореја повторно ја воспоставуваат железничката линија Пекинг–Пјонгјанг

Кина и Северна Кореја повторно воспоставуваат директна железничка линија меѓу своите главни градови по шестгодишен прекин, потег што укажува на затоплување на односите меѓу двете земји, јави ДПА.

Кинеската државна железница во соопштение информираше дека првиот патнички воз ќе тргне во четврток на патување кое трае речиси 24 часа. Железничката врска меѓу Пекинг и Пјонгјанг беше прекината во 2020 година, кога Северна Кореја ги затвори своите граници поради пандемијата на Ковид-19.

Според „Чајна рејлвеј“, линијата ќе придонесе за унапредување на економската соработка и културната размена меѓу двете земји, при што возовите ќе сообраќаат четири пати неделно во двата правци. Два вагона ќе бидат резервирани за странски патници.

Пред пандемијата, кинеските туристи беа најбројната група посетители во Северна Кореја. Кина, управувана од Комунистичката партија, исто така е еден од најважните економски партнери на земјата.

Северна Кореја и натаму е под опсежни санкции на Обединетите нации поради својата нуклеарна програма и сериозните прекршувања на човековите права.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун минатиот септември го посети Пекинг за воена парада на Народноослободителната армија на Кина, што беше едно од неговите ретки патувања во странство.

Теми на денот

To top