Фудбал

Арбелоа: Реал Мадрид не е инфериорен во дуелот со Манчестер Сити

Арбелоа: Реал Мадрид не е инфериорен во дуелот со Манчестер Сити

Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го пречека Манчестер сити во првиот меч од осминафиналето во Лига на шампиони.

Улогата на фаворит ја има Манчестер сити, но Реал Мадрид е рекордерот со 15 европски титули и Кралевите најчесто знаеле да се справат со сите предизвици.

И тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа е полн со оптимизам, иако знае дека неговиот тим ќе има голем предизвик.

“Ние сме Реал Мадрид и од никого не се плашиме. Во дуел со ниту еден ривал не сме инфериорни, па така ќе биде и против Манчестер сити. Многу добро го познаваме противникот, клубот, тренерот Пеп Гвардиола и играчите Тие беа шампиони на Европа пред две години, но ние не се плашиме, ќе играме за да победиме“, вели Арбелоа кој додаде дека секогаш владее самодоверба во редовите на Реал и никогаш не е паметно да се „провоцира“ Реал Мадрид кога се работи за дуел во Лига на шампиони.

“)Дуелите меѓу Реал и Сити се претворија во Ел Класико во Лига на шампиони“, заклучи Арбелоа.

To top