Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека денеска ќе бидат извршени „најинтензивните американски напади внатре во Иран досега“.
Хегсет рече дека бројките покажуваат дека американските напади напредуваат така што ја исцрпуваат иранската одбрана и неговата способност да ги напаѓа своите соседи и американските сили.
Тој изјави дека „во последните 24 часа Иран го истрелал најмалиот број ракети досега“.
– Тоа е силен доказ за деградација на моќта на Иран – рече Хегсет.
Исламската Република, чија огнена моќ е намалена, вети дека ќе ја продолжи борбата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека му ги „кршиме коските“ на Иран и дека целта на војната е народно соборување на иранската влада, пренесе Бета.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати контрадикторни сигнали за тоа колку долго би можела да трае војната, што вчера предизвика нагли осцилации на финансиските пазари и пазарите на горива. Американската берза и цените на нафтата денеска се релативно стабилни.
Хегсет потсети на вчерашната закана на Трамп дека ќе ги засили нападите врз Иран за 20 пати доколку го запре протокот на нафта низ Ормускиот теснец.