Скопје

Ивица Дачиќ излезе од болница: Упати важна порака ДО СИТЕ

Ивица Дачиќ излезе од болница: Упати важна порака ДО СИТЕ

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска излезе од болница каде што беше хоспитализиран поради тешка билатерална пневмонија.

-Ви благодарам на сите. Би ги замолил сите да го чуваат своето здравје, ќе ја искористам позицијата која ја имам за сите луѓе да ги поттикнам на контрола на личното здравје, напиша Дачиќ во објавата на Инстаграм со која информираше дека излегува од болница.

Пред да ја напушти болницата, го посети српскиот претседател Александар Вучиќ.

На 25 февруари, Ивица Дачиќ беше примен во болница, а потоа поврзан со апарати. Докторите му дијагностицираа билатерална пневмонија.

Ивица Дачиќ, патем, страда од дијабетес и други придружни болести – поради што неговата хоспитализација беше итна, а неговото здравје беше исклучително загрозено.

To top