Македонија „Со месеци наназад пласираа невистини“

Пропадна обидот на СДС да креира хистерија, Филипче ширеше паника за мигранти но реалноста го демантира

-Наместо да се извинат на граѓаните за ширењето паника, тие продолжуваат со истата деструктивна политика, да измислуваат теми, да шират страв и да ја трујат јавната дебата предводени од српските пр агенции на Башановиќ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да биде жртва на неодговорните политики и лажни наративи на СДС какви што гледавме во минатото. Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува стабилноста, безбедноста и заштитата на националните интереси, велат од владејачката партија.

Пропадна обидот на СДС да креира хистерија, Филипче ширеше паника за мигранти но реалноста го демантира

СДС на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија, а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на СДС и политичкиот хаос во кој се наоѓаат. СДС и Филипче со месеци наназад пласираа невистини дека наводно се подготвуваат договори за отворање мигрантски кампови во Република Македонија и дека државата ќе стане место за мигранти во Европа. Со таквите неодговорни изјави СДС свесно се обидуваа да создадат страв и несигурност кај граѓаните, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес, скоро 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија. Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници. Филипче и неговите лаги беа демантирани и разобличени од претседателот на Владата, претседателот на државата, министерот за надворешни работи и британскиот амбасадор. СДС и Венко Филипче уште еднаш се фатени во лага. Наместо да се извинат на граѓаните за ширењето паника, тие продолжуваат со истата деструктивна политика, да измислуваат теми, да шират страв и да ја трујат јавната дебата предводени од српските пр агенции на Башановиќ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да биде жртва на неодговорните политики и лажни наративи на СДС какви што гледавме во минатото. Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува стабилноста, безбедноста и заштитата на националните интереси, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека граѓаните заслужуваат вистина, а не лаги.

-Заслужуваат одговорна политика, а не политичари кои за ситни политички поени се подготвени да ја вознемируваат целата јавност. Затоа СДС и Венко Филипче треба да одговорат пред граѓаните за лагите што со месеци ги пласираа. Македонија нема да биде заложник на СДС, на нивната политика на манипулации и деструкција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top