Во Општина Прилеп денеска ќе се одржи информативна средба насловена „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица.
Целта на средбата е јасно и практично информирање за можностите и придобивките што ги нуди Законот, како за работниците, така и за работодавачите.
На средбата ќе присуствуваат претставници на угостителскиот сектор, земјоделци и стопанственици од Прилеп и регионот, а пред присутните ќе се обрати заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.