Македонија турците се враќаат дома?

Минатите две децении: Во Македонија се доселиле 15.345 Турци

Според податоците до кои дојде Курир.мк, во периодот од 20 години од 2006-та до 2026-та во Македонија се доселени 16.589 лица од Турција,  а во Турција од Македонија се иселени 1.244 наши граѓани. Во превод, разликата вели дека за овие две децении државата има 15.345 турски државјани  повеќе од 2006-та година.

Минатите две децении: Во Македонија се доселиле 15.345 Турци

Иселените Турци по Првата Светска Војна се враќаат во Македонија. Според податоците до кои дојде Курир.мк, во периодот од 20 години од 2006-та до 2026-та во Македонија се доселени 16.589 лица од Турција,  а во Турција од Македонија се иселени 1.244 наши граѓани. Во превод, разликата вели дека за овие две децении државата има 15.345 Турци  повеќе од 2006-та година. Општопознато е дека кај Турците иселени по Првата Светска Војна и особено по Втората, сеќавањата за Македонија и одржувањето на врските со државата и љубовта кон неа беа на екстра високо ниво. Тие никогаш не ја заборавија Македонија.

На пописот во 1913-та, на територијата на денешна Македонија живееле 209.000 Турци, а на пописот во 2002-та само околу 77.000. Последниот попис во 2022-та оперира со бројки од околу 73.000 граѓани кои се декларирале како Турци.
Доселени/иселени Турци во и од Македонија во периодот од 20 години 🇹🇷🇲🇰 :
2006:  56  /  3
2007:  53  /  0
2008:  91  /  0
2009:  296 /  15
2010:  337  /  28
2011:  455  /  73
2012:  605  /  28
2013:  482  /  30
2014:  697  / 13
2015:  1324 /  30
2016:  784  /  31
2017:  918  /  80
2018:  812  /  111
2019:  1250  /  59
2020:  605  /  85
2021:  1263  /  113
2022:  1712  /  203
2023:  2049  / 235
2024:  3750  /  107
….
Вкупно во Македонија од Турција во периодот од 2006 – 2024 god:
Доселени:   16.589
Иселени:     1.244

Најнови вести од Македонија

To top