Вести анализа на сотир костов

2026-та: Светот денес!? Геополитичка/геостратешкa навигација во магла, можна ли е?

Сами од себе се наметнуваат и со право се поставуваат следните прашања:

Навлезе ли светот во повеќекратна криза и крваво време во 2026-тата?

Која криза во моментов е поголема: воената, нафтената или кризата за гас?

Колкави се економските и финансиските последици што ги чувствува и ќе ги почувствува светот?

Со нападот на САД и Изреал врз Иран, разнишани ли се темелите на оската Кина – Русија?

Дали Бенџамин Нетањаху е инспираторот, а Доналд Трамп (само)извршителот, или и нешто повеќе на воената операција во Иран?

Дали Ислламската држава повторно се буди?

Ќе се инволвираат ли Курдите во воениот судир во Иран?

Постои ли ризик од нуклеарна ескалација?

Има ли надеж за деескалација?

2026-та: Светот денес!? Геополитичка/геостратешкa навигација во магла, можна ли е?

Неопходен вовед во анализата

Оваа анализа има за цел да објасни се работи ли за “Крај на историјата и последниот човек“(Френсис Фукујама)“ или пак за “Судир на цивилизациите – пресоздавање на светскиот поредок“(Семјуел Хантингтон). Поточно, дали војната во Иран не водедува во можен реален нуклеарен судир, еднаков на апокалипса, или пак се работи само за пресуредување на постојниот светски поредок и станува збор за битка за ресурси(нафта, гас, минерали) и територии(нови граници и нови држави).

И веднаш ин медија рес: од хаосот на сеопштата трговска светска војна во 2025-тата, влеговме во кошмарот на војните(Украина, Газа, Субсахарска Африка, Блиски Исток, Иран, Изреал…). За жал тоа е нашата нова геополитичка реалност. Живееме неизвесни времиња. Време – невреме. После новиот глобален трговски режим на нови трговски сојузи, од 2025-та,  добивме и нова геополитичка состојба со нови геостратешки сојузи. Карактеристично е што тие сојузи се фрагментирани, воените конфликти се множат, а при тоа се случуваат и билатерални и регионални соработки, потврдени со договори.

Основа на се е високиот јавен долг на светско ниво, кој важи за скоро сите држави. Овој долг го прави светскиот финансиски систем многу повеќе променлив, а многу помалку стабилен. Според мене нејзиното величанство вештачка интелигенција, и покрај забрзаниот технолошки развој, го наруши пазарот на труд, предизвикани се штети во животната еко средина, сведочиме на стареење на светското население, така да очекувани се дебакли во продуктивноста.

И така, додека чекаме на нова генерација светски лидери(повеќе од потребна), ја живееме чудната ера на променлива геометрија во светски размери, постојниот меѓународен систем(поставен после Втората светска војна, во Јалта, а ревидиран во деведесетите години од минатиот век, по Студената војна) пукна.

 

Бројни воени жаришта и голем број на инволвирани држави

Се почна со инвазијата(“специјална воена операција“) на Русија врз Украина, продолжи со војната на Израел против Хамас и Хезболах во Газа, Сирија и Либан, но и пресметките со Хутите во Јемен. Тука не треба да се заборават и воените конфликти кои континуирано траат, а тоа се: Судан(Суданските вооружени сили, САФ, против Силите на брза подршка, РСФ), Конго против Руанда, плус бунтовниците, Индија против Пакистан, Пакистан против Авганистан, Венецуела против Гвајана и бунтовниците.

Тука се и латентните конфликти како Ел Салвадое и Хондурас против картели, Западна Сахара против Мароко и други паравоени и пара полициски групи, Владата на Сирија против бунтовниците, Ерменија против Азербејџан, владата на Бурма против бунтовниците, Северна Кореја против Јужна Кореја, владата на Чад џихадистите Етиопија против Еритреја, плус бунтовниците, владата на Сомалија против Ал Шабаб, Јеменските Хути против саудиска Арабија, САД и Изреал, Тајланд против Камбоџа, владата на Индонезија против бунтовниците, Кина против Тајван…и така без крај.

Што е многу, многу е. Инаку, сите овие податоци се според релевнатни и кредибилни извори, како што се Меѓународна кризна група, Совет за меѓународни односи, Светска програма за храна. За да биде уште по фрапантно и грозно, еве некои податоци: Бројот на загинати Руси и Украинци е поголем од бројот на загинати Американци во Втората светска војна; бројот на жители на Судан што гладуваат се 24 милиони; и вкупниот број на конфликти внатре во државите или помеѓу државите во 2024/25 година изнесува 140 воени конфликти.

Што би бил првичниот заклучок на мојата анализа?

После застојот и инертноста на Организацијата на Обединетите Нации, парализата на Светската трговска организација и чудното однесување на Светската здравствена организација сведочиме на слом на воениот поредок и баланс, на мултирлатералните институции, на правилата и конвенциите после Студената војна и на меѓународното право(односи, соработка, дипломатија).

 

Една потребна хронологија

 Најдалеку наназат ќе отидам до Првата заливска војна, од 1991г.и операцијата “Пустинска бура“ на САД и Џорџ Буш, постариот. Сојузниците предводени од САД се судрија со ирачкиот диктатор Садам Хусеин. Во судирот, испалените проектили и бомби 90% не беа наведувачки. Денес, тоа не е случај бидејќи имаме нови начини на војување: покрај наведувачките проектили, најупотребувани се беспилотните летала т.н. дронови. Исто така напредуваше и противовздушната одбрана. Најпозната е израелскиот систем “Челична купола“, кој соборува голем број на проектили на Иран.

И во војната во Украина, се забележува дека Русија има голем број потешкотии и покрај воздушната надмоќ. Украина ги користи одбрамбените системи од Велика Британија и САД, па така ја амортизира разорната моќ на руското воздухопловство која е евидентна.

Да се потсетиме и на воената акција “Сојузничка сила“, воена интервенција на НАТО во СР Југославија. Сведочевме на 78 дена бомбардирање на воени и не само воени цели во СР Југославија. Целта беше српските сили да се повлечат од Косово и да се сруши режимот на Слободан Милошевиќ. Воздушната ефикасност на НАТО силите не беше на очекуваното потребно ниво, не се нанесе некоја голема штета на воените постројки на СР Југославија(тактиката со лажни макети на југословенските генерали), а и Милошевиќ остана на власт уште година дена. Имаше големи цивилни жртви и големо количество бомби со збогатен ураниум за што подоцна посведочија голем број “жртви“ кои се лекуваа во српските и македонските клиники. И денес имаме бомби врз училишта(гинат деца), врз болници и цивилни аеродроми, во Иран и заливските земји, па и тоа е една сличност со 1999-тата. Поминале 27 години, ама на планот на цивилни жртви и големи воени разорувања и материјални штети, при вакви воени операции, ништо не се променило.

Можеби најпластично ова ќе го потврдиме со потсетувањето на воената акција “Слобода за Ирак“ на Џорџ Буш, помладиот, од 2003-тата, кога се цел беше соборување на Садам Хусеин и да се елиминира опасноста од оружје за масовно уништување, кое патем никогаш не беше пронајдено и потврдено. Оваа операција беше дел од глобалната акција против меѓународниот тероризам, засилени после терористичките напади против САД од 11 септември 2001-та. Тогаш сојузници беа САД, Велика Британија, Австралија,  Полска и некои др. Држави, како денес САД и Изреал. И да не заборавиме дека тогаш САД платија цена од 4500 загинати војници во копнениот напад на Ирак. Дали вредеше? Не, во никој случај, а особено не по таа цена платена со толку човечки животи. Логично е со сигурност да се предвидува дека доколку Трамп и САД пратат копнени сили во Иран дека тоа ќе биде голема стратешка грешка, од аспект на голем број човечки жртви и создавање исто така голем отпор во Иран од самиот народ.

Втора констатација: Денешните воени стратегии се нови и пософтицирани, а тактиките се слични, единствено нивната разорна и уништувачка моќ денес е многу поголема.

 

(продолжува)

 

Сотир Костов

Најнови вести од Вести

To top