Свет Будимпешта

Сијарто: Унгарија ја поддржува интеграцијата на БиХ во ЕУ

Предвидено беше Сијарто прво да го посети Сараево, но поради временските услови, тој пристигна во Бања Лука, каде што се сретна со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

Сијарто: Унгарија ја поддржува интеграцијата на БиХ во ЕУ

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека Будимпешта ја поддржува интеграцијата на Босна и Херцеговина во Европска Унија.

-Правиме се за да го забрзаме (процесот), напиша Сијарто на Инстаграм и додаде дека ова прашање е во центарот на денешните разговори за време на неговата посета на БиХ.

Предвидено беше Сијарто прво да го посети Сараево, но поради временските услови, тој пристигна во Бања Лука, каде што се сретна со претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

На средбата присуствуваат и српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и министерот за наука и технолошки развој и високо образование на РС, Жељко Будимир.

Сијарто попладне во Сараево ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top