Свет

Трамп: Мелони е „одличен лидер“ и подготвена да помогне во војната со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали италијанската премиерка Џорџа Мелони, оценувајќи дека таа е подготвена да им помогне на САД и Израел во војната со Иран, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Во телефонски разговор со весникот, одржан вчера, Трамп ја опиша Мелони како „голем лидер“ и изјави дека Италија прави сè што може за да помогне.

„Ја сакам Италија, мислам дека таа е голем лидер“, изјави Трамп за Мелони.

„Таа секогаш се обидува да помогне, таа е одличен лидер и е моја пријателка“, додаде американскиот претседател, цитиран од „Кориере дела сера“.

Италија планира да испрати помош за противвоздушната одбрана на земјите од Персискиот Залив како одговор на иранските воздушни напади, соопшти Мелони во четвртокот.

Во меѓувреме, италијански воен брод се подготвува да исплови кон Кипар како дел од заедничка европска мисија за заштита на островот, откако тој беше изложен на иранско гранатирање, изјави во петокот портпарол на италијанската морнарица.

To top