Свет

Трамп: Не сакам Курдите да се вклучат во војната во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста курдските борци да се вклучат во војната во Иран.

Трамп: Не сакам Курдите да се вклучат во војната во Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста курдските борци да се вклучат во војната во Иран.

– Го исклучив тоа, не сакам Курдите да влезат – изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.

– Не сакам Курдите да бидат повредени или убиени. Имавме добри односи. Тие се подготвени да влезат, но јас навистина им реков дека не сакам да се вклучуваат – додаде тој.

Трамп нагласи дека Вашингтон „не сака војната да стане посложена отколку што веќе е“.

Многу ирански Курди живеат во соседен Ирак поради систематскиот прогон во нивната татковина. Дел од нив сега гледаат можност за соборување на иранската влада и за добивање поголема заштита и слободи доколку таму дојде до промена на власта, посочува ДПА.

Трамп неодамна телефонски разговарал со неколку курдски лидери.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски владини претставници, претходно објави дека Трамп размислува за поддршка на ирачките Курди во борбата против иранското раководство.

Според некои медиумски извештаи, американската разузнавачка агенција ЦИА почнала да вооружува курдски групи во регионот пред неколку месеци.

Белата куќа ги отфрли тие извештаи како неточни.

Курдите се етничка група од околу 30 милиони луѓе кои живеат главно во Ирак, Иран, Сирија и Турција.

Најнови вести од Свет

To top