Министерот за одбрана Владо Мисајловски, по повод Меѓународниот ден на жената испраќа честитка до сите жени, припаднички во составот на македонската Армија и во Министерството за одбрана. Во продолжение честитката од министерот Мисајловски:
“По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, упатувам искрени честитки до сите жени, припаднички на Армијата и Министерството за одбрана.
Жените се незаменлив дел од системот на одбраната и безбедноста. Со својата професионалност, посветеност и одговорност, тие секојдневно придонесуваат за јакнење на капацитетите на Армијата и за заштита на безбедноста на нашите граѓани. Нивниот ангажман и лидерство се силен доказ дека одбраната е област во која знаењето, способноста и храброста се поважни од сѐ.
Министерството за одбрана останува посветено на создавање еднакви можности, поддршка на професионалниот развој и унапредување на улогата на жените во одбранбениот сектор. Ви благодарам за вашиот придонес, професионализам и посветеност во службата.
Среќен 8 Март!”, пишува во честитката Мисајловски.