Македонија „Седум години на власт водеа антидржавна политика“

Спротивно на националните интереси, власта на СДС, Филипче и Заев стана испостава на режимите на Путин и Лукашенко

-Ваквата антидржавна и ненародна политика на СДС, Филипче и Заев која се води исклучиво од личните и бизнис интереси на поединци, треба да остане таму каде што е сега, во минатото. Време е за достоинствено водење на државата, со заштита на националните и стратешки интереси, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Спротивно на националните интереси, власта на СДС, Филипче и Заев стана испостава на режимите на Путин и Лукашенко

СДС на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на Филипче и Заев, власта на СДС ги распродаваше националните интереси и ја стави под ризик стратешката ориентација на државата. Наместо про НАТО и про ЕУ ориентирана држава, СДС на Заев и Филипче Македонија ја претворија во хибриден режим и продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта на СДС е позната по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството на рускиот олигарх близок до Путин и осуден криминалец во Украина за перење пари и корупција, Александар Онишченко. Но, давањето државјанства на светски криминалци не беше единствено што власта на СДС го правеше спротивно на државните интереси, туку и даваше милионски државни тендери на фирми на почесни конзули на држави блиски со руската политика, како што е Белорусија Борче Марковски. СДС на Заев и Филипче на Марковски му доделиле милионски тендери, 141 на број за кои денес се наоѓа на обвинителна клупа. Од друга страна, пак, рускиот олигарх Онишченко избега од Украина поради перење пари и корупција, за да Македонија под тогашна власт на СДС, како многуте белосветски криминалци, и овој близок човек на Путин го прими со раширени раце, посочуваат од партијата.

Владејачката партија посочува дека случајот со милионските тендери на Марковски и македонското државјанство на Онишченко, се слични по нивната природа, и во двата случаи постојат основани сомненија за коруптивни шеми.

-Исто така, двајцата ликови се поврзани со луѓе блиски до Русија и тоа не води до заклучок, дека во времето на СДС, Заев и Филипче, спротивно на државните интереси, се негувале блиски односи со луѓе кои се поврзуваат со кругови блиски до Путин и Лукашенко. Ваквата антидржавна и ненародна политика на СДС, Филипче и Заев која се води исклучиво од личните и бизнис интереси на поединци, треба да остане таму каде што е сега, во минатото. Време е за достоинствено водење на државата, со заштита на националните и стратешки интереси, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

To top