Свет Со која би се ограничиле воените операции

Претставничкиот дом ја отфрли резолуцијата за ограничување на воената акција на Трамп во Иран

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, ги критикуваше Трамп и републиканците за „воведување на Америка во уште еден бесконечен конфликт на Блискиот Исток, трошење милијарди долари за бомбардирање на Иран“, додека, според неговите зборови, грижата за цените на храната, здравствената заштита и домувањето за американските граѓани е занемарена.

Претставничкиот дом ја отфрли резолуцијата за ограничување на воената акција на Трамп во Иран

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ја отфрли резолуцијата со која би се ограничиле воените операции на американскиот претседател Доналд Трамп во Иран, еден ден откако американскиот Сенат ја блокираше истата иницијатива.

Гласањето во Претставничкиот дом за резолуцијата за воени овластувања, која има за цел да спречи продолжување на нападите врз Иран без одобрение од Конгресот, заврши со 212 гласа „за“ наспроти 219 „против “, при што само двајца републиканци ја поддржаа резолуцијата заедно со мнозинството демократи, објави Ен-Би-Си Њуз (NBC News).

Резолуцијата предвидуваше суспендирање на американските воени операции во Иран сè додека Конгресот на САД не одобри војна или употреба на воена сила.

Демократите истакнаа дека Уставот на САД му дава право на Конгресот да објави војна, додека Трамп и неговите високи функционери конфликтот го нарекуваат војна.

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, ги критикуваше Трамп и републиканците за „воведување на Америка во уште еден бесконечен конфликт на Блискиот Исток, трошење милијарди долари за бомбардирање на Иран“, додека, според неговите зборови, грижата за цените на храната, здравствената заштита и домувањето за американските граѓани е занемарена.

Републиканците тврдеа дека Трамп имал избор и решил да ги брани САД од „непосредната закана“.

САД и Израел го нападнаа Иран во саботата утрото, на 28 февруари, со она што го нарекоа „превентивни напади“, кои се случија по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток. (МИА)

To top