Македонија Институт за јавно здравје

Сериозна закана за јавното здравје: Андоновска покажа како изгледа опасниот хемиски отпад што можел да предизвика хаварија

-Државата се сака со работа и дела! Благодарност до сите кои учествуваа во оваа активност, која не беше нималку лесна, објави синоќа на својот Фејсбук профил директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска.

Сериозна закана за јавното здравје: Андоновска покажа како изгледа опасниот хемиски отпад што можел да предизвика хаварија

Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста.

Како што информираше вчера директорката на Институтот, Марија Андоновска, отпадот е моментно безбедно отстранет и  нема да остане во државата, туку ќе биде согорен надвор.

Се работи за исцедоци од лабораториски анализи, хемикалии од различен вид и во различна агрегатна состојба.

Синоќа Андоновска сликовито ја запозна јавноста со тоа за каков отпад станува збор.

-Спречена хаварија, безбедно отстранет 10 тони опасен хемиски отпад, чуван непрописно повеќе од 10 години и претставуваше сериозна закана за безбедноста и јавното здравје.
Државата се сака со работа и дела! Благодарност до сите кои учествуваа во оваа активност, која не беше нималку лесна, објави синоќа на својот Фејсбук профил директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска.

Најнови вести од Македонија

To top