Свет

Орбан: Во следните четири години, Унгарија мора да избегне да биде вовлечена во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во следните четири години Унгарија мора да избегне да биде вовлечена во војна, дека унгарските пари треба да се користат за Унгарците, а не за Украина, и оти на Украина не смее да ѝ се дозволи да се приклучи кон Европската Унија.

Орбан нагласи дека зачувувањето на евтината руска енергија е клучно за економската конкурентност на Унгарија и додаде дека големите финансиски трансфери кон Украина би можеле да ги задолжат идните генерации, објави Index.hu.

Унгарскиот премиер идентификуваше три главни предизвици за наредните години: војна, снабдување со енергија и влез на Украина во ЕУ. Што се однесува до војната, како што изјави Орбан, Унгарија мора да се држи настрана. Кога станува збор за снабдувањето со енергија, зачувувањето на руските извори на енергија е од клучно значење. Орбан рече дека терминот „диверзификација“ често се користи, но дека оддалечувањето од еден извор е ограничувачко, а не диверзифицирачко.

Тој додаде дека Унгарија ќе употреби политички средства за да ја принуди Украина да ја укине блокадата на нафтоводот Дружба и да го обезбеди протокот на нафта пред да ги потроши своите резерви.

– Ќе победиме со сила, но со политичка, а не со воена моќ. Меѓународните договори ѝ забрануваат на Украина да ја блокира енергијата од политички причини. Ова е отворена уцена. Нè нападнаа, но не можат да нè скршат – рече Орбан.

Зборувајќи за влезот на Украина во ЕУ, според планот на Унијата, членството на Украина треба да се реализира до крајот на 2027 година, за што би биле потребни околу 360 милијарди евра преку повеќегодишна финансиска рамка. Орбан рече дека ЕУ нема пари и оти најголем губитник би бил земјоделскиот сектор, со субвенции за европските аграрни економии намалени за 20 проценти. Средствата од кохезионите фондови исто така би биле пренасочени, додаде премиерот на Унгарија.

To top