Ким Кардашијан ја претстави новата колекција долна облека на својот бренд Skims, а како специјално изненадување за дамите по повод Денот на вљубените, на 14 февруари, излегува специјален комплет долна облека.
Верувале или не, Ким градникот и танга гаќичките ги направи од бонбони кои се јадат, па сигурно нема да издржат долго, ако воопшто стигнат до Денот на вљубените.
Во комплетот долна облека за јадење има и брендирани бонбони (Skims) кои висат на „жиците“. Овој комплет може да се најде на страницата Skims и да се нарача, било како комплет или посебно. Достапен е во една големина, а цената на градникот е околу 2.000 денари, додека цената на гаќичките „Candy Panty“ е 1.500 денари.
View this post on Instagram
Недолго откако Ким го претстави симпатичниот комплет, страницата за продажба падна поради големата побарувачка, што ја натера да го објави на социјалната мрежа X.
Проблемот набрзо е решен, а на сајтот Skims пишува дека овој сладок комплет е повторно достапен за сите заинтересирани.