Целиот свет зборува за свршувачката на тенисерката Арина Сабаленка. Кон сите тие честитки и внимание им се придружи и Новак Ѓоковиќ, кој е куќен пријател на Белорусинката и нејзиниот партнер, а сега е објавено ново видео од нивната средба на Индијан Велс.
Имено, Новак бил во „цивилна облека“ поради медиумските обврски, но се нашол во средниот простор што се користи за вежби на тенисерите. Таму ја сретнал Сабаленка во добро расположение.
Побарал да го види вереничкиот прстен, па ја прегрнал тенисерката со уште една срдечна честитка.
View this post on Instagram