Се чини дека компанијата Ворнер Брос е способна да продуцира драма која не го вклучува прашањето кој ќе ја поседува во иднина. Студиото моментално создава нов филм инспириран од серијата „Игра на тронови“ (Game of Thrones), напиша Пејџ Сикс Холивуд (Page Six Hollywood)“, а сценариото го пишува Бо Вилимон авторот на серијата „Куќа од карти“ (House of Cards)
Онлајн порталот наведува дека филмот би можел да се фокусира на ликот Егон Први Таргариен (Aegon I Targaryen), чие насилно владеење го обединило поголемиот дел од Вестерос. Владеењето на кралот „Егон Освојувачот“, познат и како „Егон Змејот“, се случило околу 300 години пред настаните прикажани во „Игра на тронови“.
Филмот што ќе се снима по серијата „Игра на тронови“ не изгледа како големо изненадување, иако судбината на проектот би можела да зависи од тоа како ќе се развива актуелниот договор меѓу Ворнер Брос и Парамаунт пикчерс (Paramount Pictures). Сепак, според Парамаунт пикчерс, студиото сака приказни засновани на постоечки франшизи, па војната на Егон за превласт би можела да помине подобро од оригиналните проекти Ворнер Брос кои моментално се во развој. (МИА)