Свет

Белата куќа тврди дека Шпанија попуштила за базите, oфицијален Мадрид остро демантира

Белата куќа синоќа објави дека Шпанија се согласила да соработува со американската војска откако претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ја прекине трговијата, но Шпанија го негираше постоењето на таков договор.

Белата куќа тврди дека Шпанија попуштила за базите, oфицијален Мадрид остро демантира

Белата куќа синоќа објави дека Шпанија се согласила да соработува со американската војска откако претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе ја прекине трговијата, но Шпанија го негираше постоењето на таков договор.

Трамп пред два дена се закани дека ќе ја прекине трговијата со Мадрид поради неговото противење на нападите на САД и Израел врз Иран.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит,синоќа на оваа тема рече дека ѝ било кажано дека Шпанија попуштила.

„Мислам дека вчера ја слушнаа пораката на претседателот гласно и јасно. Од она што го разбирам, во текот на изминатите неколку часа тие се согласија да соработуваат со американската војска“, рече Ливит на брифинг за медиумите, не давајќи дополнителни информации за темата.

Шефот на шпанската дипломатија, Хозе Мануел Албарес, негираше дека Шпанија постигнала таков договор.

„Категорично го негирам тоа. Слушнав за овие изјави на патот до тука и имав време да ги проучам и да ги слушнам“, изјави Албарес за шпанската радио станица „Кадена Сер“.

„Ставот на шпанската Влада за војната на Блискиот Исток и бомбардирањето на Иран во однос на користењето на нашите бази воопшто не се промени. Затоа, категорично и искрено го негирам. Немам поим на што би можело да се однесува или од каде би можело да доаѓа.“

Трамп ја изнесе идејата за воведување трговско ембарго врз Мадрид поради одбивањето да им дозволи на американските авиони да користат заеднички поморски и воздушни бази во јужна Шпанија за офанзива против Иран.

Шпанија го осуди американското и израелското бомбардирање на Иран како неодговорно и нелегално.

Шпанија „нема да биде вазал“ на друга земја, изјави вчера вицепремиерката Марија Хесус Монтеро.

Премиерот Педро Санчез претходно вчера го повтори антивоениот став на Шпанија, предупредувајќи дека конфликтот носи ризик од предизвикување голема глобална катастрофа.

To top