Република Тажна вест

Почина Бајрам Сулејмани, поранешен градоначалник на Куманово

Во име на граѓаните на Општина Куманово и во мое лично име упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството Сулејмани, со благодарност за неговото значајно општествено делување, истакна Димитриевски.

Почина Бајрам Сулејмани, поранешен градоначалник на Куманово

Почина Бајрам Сулејмани, кој од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово.

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ја објави тажната вест и изрази сочувство до семејството на Сулејмани.

-Со најголема почит сакам да упатам искрено сочувство до семејството на поранешниот градоначалник на Општина Куманово, г-дин Бајрам Сулејмани. Г-дин Сулејмани беше извонреден педагог, професор, новинар и публицист. Во текот на својата богата кариера работеше како наставник во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Куманово, потоа како новинар во локалната радио станица, а во периодот од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово. Од 2005 до 2018 година беше основач и директор на Регионалната Занаетчиска Комора. Нашиот град ќе се сеќава на неговите заложби и постигнатите резултати во развојот на локалната самоуправа и општествената заедница. Во име на граѓаните на Општина Куманово и во мое лично име упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството Сулејмани, со благодарност за неговото значајно општествено делување, истакна Димитриевски.

Најнови вести од Република

To top