Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи натпреварот помеѓу најдобрите женски ракометни репрезентации на Израел и Грција во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI
ЕХФ: Одложен ракометниот натпревар помеѓу Израел и Грција
Европската ракометна федерација (ЕХФ) го одложи натпреварот помеѓу најдобрите женски ракометни репрезентации на Израел и Грција во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Препорачано
-
Што се случува во телото ако пиете чај од ловоров лист на празен стомак три дена?
-
Што открива бојата на очите за вашата личност? Дознајте дали сте интелигентни и мистериозни или силни и рамнодушни
-
За побрзо ‘ртење на семето, користете го овој едноставен трик
Овој меч во рамките од квалификациската група 6 првично беше закажан за в среда, 4 март, во Ришон-ле-Зион.
Одлуката е донесена поради актуелните случувања на Блискиот Исток со нивните последици врз воздушниот сообраќај во Израел и во соседните земји, како и соодветните безбедносни прашања и потребата од заштита на националните тимови и официјалните лица.
Натпреварот е одложен до понатамошно известување од страна на ЕХФ.
Нов датум и ново место на одржување на мечот ќе бидат соопштени навремено.
